Сè повеќе Германци не сакаат да се приклучат на војската


germanski-vojnik-depositphotos_195194198_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германија бележи нагло зголемување на барањата за ослободување од воена служба од почетокот на годината, објави денес Федералната канцеларија за семејни и граѓански работи во Берлин. „Во првите шест месеци од оваа година примивме 5.862 барања, што е многу повеќе од минатата година, кога беа примени вкупно 3.879 барања“, се вели во соопштението на Федералната канцеларија за семејни и граѓански работи.


Претходната година, во 2024 година, имаше 2.249 барања. Наглото зголемување на барањата за ослободување од воена служба е поврзано со стапувањето во сила на нов закон за воена регистрација на почетокот на оваа година. Овој закон предвидува регистрација на сите мажи од една генерација, кои мора да се изјаснат дали се подготвени да служат во војска.

Доколку на овој начин не се собере доволен број регрути, Бундестагот би можел да активира мерки за да се достигне бројот на војници што му се потребни на Бундесверот. Овие мерки засега не се дефинирани. Се претпоставува дека зголемениот број апликации е поврзан и со зголемениот ризик од војна во Европа по руската агресија врз Украина.

Според германскиот устав, никој не може да биде принуден да служи во војска со оружје ако тоа е спротивно на неговите верувања. По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Германија е во процес на сеопфатна програма за зајакнување на своите одбранбени капацитети, што вклучува зголемување на бројот на војници на Бундесверот. Целта на Министерството за одбрана е да го зголеми бројот на доброволни регрути на 15.000 до 20.000 годишно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK