Кремљ го поздрави договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас како „прва добра вест од Газа по многу долго време“.
„Русија и повеќето земји во светот повикуваат на прекин на огнот и хуманитарна пауза. Затоа што само врз основа на такви паузи може да се изградат некои контури на идните обиди за одржливо решение“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.