Саудиска Арабија обвинета за масовно убиство на мигранти

Capture-14.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Саудиската гранична полиција е обвинета за масовно убиство на мигранти долж границата со Јемен во новиот извештај на „Хјуман рајтс вач“.



Во извештајот стои дека стотици луѓе, од кои многумина Етиопјани, кои го преминале Јемен за да стигнат до Саудиска Арабија, биле застрелани.

Мигрантите изјавија за „Би-Би-Си“ дека имале отсечени екстремитети од пукање и виделе тела оставени на патеките.

Мигрантите за „Би-Би-Си“ зборуваа за застрашувачки ноќни премини за време на кои големи групи Етиопјани, вклучително и многу жени и деца, биле под оган додека се обидувале да ја преминат границата во потрага по работа во кралството.

Еден од мигрантите рече дека некои од неговата група од 45 мигранти биле убиени кога биле под оган додека се обидувале да ја преминат границата во јули минатата година.

Според Меѓународната организација за миграција на ОН, повеќе од 200.000 луѓе годишно се обидуваат на опасно патување, поминувајќи по море од Рогот на Африка до Јемен, а потоа патувајќи во Саудиска Арабија.

Надиа Хардман, одговорна за извештајот на Обединетите Нации вели дека минимум 655 лица се убиени, но очекува дека ќе бидат илјадници во иднина.

Саудиската влада рече дека сериозно ги сфатила наводите, но силно ја отфрла констатацијата на ОН дека убиствата биле систематски или големи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK