„Сака диктатура“ – Будимпешта го повика американскиот амбасадор поради коментарот на Бајден за Орбан

Бајден-Се-надевам-дека-и-американското-девојче-ќе-биде-ослободено.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарското Министерство за надворешни работи го повика американскиот амбасадор Дејвид Пресман во знак на протест поради изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека унгарскиот премиер Виктор Орбан сака диктатура, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто.


„Не сме должни да трпиме такви лаги од никого, дури и ако тоа лице е претседател на САД“, рече Сијарто на брифинг со новинарите, пренесе „Ројтерс“.

Во текот на викендот, Орбан ги посети САД, каде што се сретна со поранешниот претседател Доналд Трамп, по што изјави дека Трамп е претседател на мирот. Тој додаде дека во моментов немаше да има војна во светот ако Трамп се уште беше претседател на САД.

Коментирајќи ја средбата на Орбан со Трамп, Бајден рече дека „Орбан отворено изјавил дека не мисли дека демократијата функционира.

Тој бара диктатура, рече Бајден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK