САД за смртта на Навални: „Русија е одговорна за ова“

САД-за-смртта-на-Навални-„Русија-е-одговорна-за-ова.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен  изјави дека Русија е одговорна за смртта на опозицискиот политичар Алексеј Навални, доколку веста за неговата смрт е точна.


„Прво и основно, ако оваа вест е вистинита, нашите мисли се со неговата сопруга и неговото семејство“, рече Блинкен во Минхен, каде што присуствува на безбедносна конференција, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека смртта на Навални во руски затвор  ја истакнува слабоста и гнилието во срцето на системот што Путин го изгради.

„Русија е одговорна за ова. „Ќе разговараме со многу други земји кои се загрижени за Алексеј Навални, особено ако се потврди дека овие извештаи се вистинити“, рече Блинкен.

Канцеларијата на Федералната казнено-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненец објави претходно денеска дека Навални се чувствувал лошо по прошетката и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран, а причината за смртта се утврдува.

Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна и беше познат како остар критичар на Кремљ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK