САД воведоа санкции за двајца руски шпиони кои според Вашингтон се обиделе да влијаат на избори

sad
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

АД денеска воведоа санкции за двајца руски разузнавачи кои се обиделе да се вмешаат во изборите во земјата како дел од „глобалните операции за штетно влијание на Москва“, соопшти американското Министерство за финансии.

Егор Сергеевич Попов и Алексеј Борисович Суходолов, офицери на руската Федерална служба за безбедност, работеа на поткопување на демократските процеси во САД и други земји преку мрежа на соучесници, се вели во соопштението.


Во текстот се вели дека двајцата соработувале со Александар Викторович Јонов, Русин кој американското Министерство за правда го обвини минатата година за долгогодишни напори да ги искористи политичките групи во Флорида, Џорџија и Калифорнија за мешање во изборите.

Не е прецизирано на кои избори се обиделе да влијаат двајцата Руси.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK