САД првпат потврдија дека имаат оружје во Вселената, Русија повика на забрана


rusija-sad-depositphotos_117219164_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија ги повика САД да поддржат меѓународен договор за спречување трка во вооружување во вселената, откако Вашингтон првпат јавно потврди дека американската војска располага со оружје распоредено во Земјината орбита.


Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за постигнување правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредување офанзивно оружје во вселената.

„Веруваме дека сè уште не е доцна да се создадат услови што би спречиле трка во вооружување со зголемен ризик од отворен конфликт во вселената“, рече Рјабков.

Реакцијата следува откако командантот на американските Вселенски сили, Даглас Шис, изјави дека припадниците на оваа гранка на војската управуваат со оружје во орбитата што може да ги заштити американските сили од напади поврзани со вселената. Американските власти не открија за какви системи станува збор.

Рјабков рече дека Вашингтон однапред не ја известил Москва за овие способности, но дека информацијата не претставува изненадување за Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK