САД: Провокативните активности на Кина може да доведат до поширок конфликт

am.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Провокативните активности на Кина во близина на Тајван и Јапонија и во Јужното Кинеско Море може да предизвикаат инцидент што би довел до поширок конфликт, изјави денеска Сандра Оудкирк, директорка на Американскиот институт во Тајван.



Таа рече дека провокативните дејствија по дефиниција се опасни, бидејќи со себе носат можност за погрешно проценување и инцидент што можел да предизвика поширок конфликт.

Пекинг го смета Тајван за кинеска територија и не ја исклучува употребата на сила за преземање контрола на островот.

Кина е исто така вклучена во спор со Филипините поврзан со Јужното Кинеско Море, според Ројтерс.

Тајван го изрази своето незадоволство што се соочи со одложување на испораката на оружје купено во САД.

Сандра Оудкирк изјави дека производството на американско оружје и друга воена опрема е сериозно погодено од пандемијата на коронавирусот, но дека тоа се нормализира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK