САД предупредуваат дека на Европа и се заканува и фентанил, дрога 50 пати посилна од хероинот

САД-предупредуваат-дека-на-Европа-и-се-заканува-и-фентанил.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската унија мора да се подготви за нагло зголемување на синтетичката дрога фентанил, изјави европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон за Политико.


Тоа е реакција на предупредувањето на американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен дека Европа или се уште не открила проблем со синтетичките дроги или наскоро ќе открие.

Фентанил е синтетичка дрога која се проценува дека е 50 пати посилна од хероинот и е одговорна за смртта на десетици илјади Американци кои умираат од предозирање секоја година.

На придружниот настан на Генералното собрание на Обединетите нации за заканите по здравјето и безбедноста од синтетичките дроги, американскиот претседател Џо Бајден ги повика сојузниците сериозно да ги сфатат заканите од фентанил, раскажа Јохансон.

„Тоа е проблем што го имате, едноставно сè уште не го знаете или тоа е проблем што ќе го имате наскоро“, и рече Блинкен на Јохансон во разговор за синтетичките дроги.

Соединетите Држави се обидуваат однапред да ги предупредат своите сојузници „за другите да го немаат истиот проблем што го имаат“, изјави Јохансон за Политико.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK