САД повторно го нападнаа Јемен

САД-повторно-го-нападнаа-Јемен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Соединетите Држави вчера извршија нови напади врз цели на Хутите во Јемен, изјавија американски официјални лица за Ројтерс.

Изворите кои сакаа да останат анонимни не открија за кои цели станува збор или колку ракети биле лансирани, но американската војска подоцна објави дека се елиминирани 14 ракети Хутиrw подготвени за лансирање.

Јеменската новинска агенција Саба објави дека американските и британските авиони ги гаѓале областите Ходеида, Таиз, Дамар, Ал Бајда и Саада.

Нападите на Хутите, сојузник на Иран, го забавија поморскиот сообраќај меѓу Азија и Европа од ноември. Тоа движење започна напади врз трговски бродови во знак на протест против израелската офанзива во Појасот Газа.

Американската војска претходно вчера објави дека беспилотно летало лансирано од територијата контролирана од Хутите погодило брод во сопственост на САД во Аденскиот залив. Нема повредени, а евидентирана е помала материјална штета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK