САД: Очекуваме тригодишно девојче да биде меѓу ослободените заложници

САД-Очекуваме-тригодишно-девојче-да-биде-меѓу-ослободените-заложници.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се очекува дека тројца Американци, меѓу кои и едно тригодишно девојче, да бидат меѓу 50-те заложници што Хамас треба да ги ослободи во согласност со договорот постигнат со Израел, изјави денеска висок американски функционер.


Службеникот не ги наведе имињата на американските државјани, но рече дека родителите на девојчето се меѓу убиените во нападот на 7 октомври во Израел. Покрај израелските цивили, повеќе од половина од заложниците имаат странско и двојно државјанство од околу 40 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Франција, Аргентина, Германија, Чиле, Шпанија и Португалија, соопшти израелската влада.

Комитетот за прашања на затворениците на палестинските власти, со седиште во Рамала, соопшти дека повеќе од 7.800 Палестинци биле затворени во Израел, меѓу кои 85 жени и 350 деца.

Повеќето од нив беа приведени без обвинение или за инциденти како што се фрлање камења врз израелските војници, а не за изведување милитантни напади, се додава. Израел ќе ослободи 150 палестински затвореници во замена за ослободување на 50 заложници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK