САД најавија нови санкции против руската „воена машинерија“

sankcii
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неименуван претставник на Белата куќа изјави дека САД во рамките на заедничките напори на земјите-членки на Г7, ќе воведат нови санкции против руската „воена машинерија“.

Според него сите земји-членки на Г7се подготвуваат да воведат нови санкции и извозни бариери за Русија, што ќе придонесе за отежнување на Русија да ја снабдува својата воена машинерија,


– Целта на американските мерки е значително да се ограничи пристапот на Русија до производи неопходни за нејзиниот борбен капацитет, истакна неименуваниот американски претставник.

САД ќе го забранат американскиот извоз во 70 ентитети во Русија и други земји.

Тие ќе воведат 300 санкции против различни цели, поединци, организации, бродови и авиони низ Европа, Блискиот Исток и Азија.

Западот воведе невидена серија санкции кон Русија од почетокот на нејзината инвазија врз Украина во февруари 2022 година за да ја блокира економски, да ги намали нејзините приходи од нафта и да ја наруши нејзината воена индустрија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK