САД им порачаа на своите граѓани: Веднаш да ја напуштите Белорусија

aleksandar-lukasenko-predsednik-belorusije.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Амбасадата на САД денеска им порача на американските граѓани во Белорусија веднаш да ја напуштат земјата.


Голем број земји, вклучително и Литванија, ги затворија граничните премини со Белорусија поради нејзината соработка со руските сили за време на инвазијата на Украина, пишува Sky News.

„Напуштете ја Белорусија преку преостанатите гранични премини со Литванија и Латвија или со авион“, се вели во соопштението.

Амбасадата, исто така, ги предупреди американските граѓани да не патуваат во Белорусија поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, како и поради ограничените можности што САД можат да им ги дадат на поединците кои живеат или патуваат таму, пренесува Index.hr.

Засега отворени се четири гранични премини со Литванија, а можно е дополнително затворање на границите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK