Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Порт Моресби потпиша договор за безбедносна соработка со Папуа Нова Гвинеја, со кој ќе се олеснат воените вежби во кои е вклучена американската војска.
Блинкен, на средбата со премиерот на Папуа Нова Гвинеја Џејмс Марапе, истакна дека Договорот ќе го продлабочи партнерството на Вашингтон со Порт Моресби.
– Двајцата лидери разговараа за економскиот развој, климатската криза и посветеноста на САД кон регионот на Пацификот, се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.
Американскиот државен секретар имаше средба и со лидерите на 14 островски држави во Тихи Океан, кои споделија дека нивниот најважен безбедносен приоритет е справување со зголеменото ниво на морето предизвикано од климатските промени.
Претходно и индискиот премиер Нарендра Моди ја посети Папуа Нова Гвинеја и исто така се сретна со лидерите на 14 островски држави. Моди ги увери учесниците на состанокот дека имаат поддршка од Њу Делхи