САД: Бајден повторно бара Конгресот да го забрани јуришното оружје

bajden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден го повтори повикот до Конгресот за забрана полуавтоматските пушки, како онаа употребена во пукањето викендов, при што беа убиени осум лица во Тексас.

„Уште еднаш барам од Конгресот да ми испрати закон за забрана на јуришно оружје“, рече Бајден во писмената изјава.


Како што јави Радио Слободна Европа, тој го осуди вооружениот напад во американската држава Тексас како бесмислен чин на насилство, во кој вооружен маж уби осум лица во трговски центар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK