Руско Министерство за одбрана: Нашите авиони уништија два украински чамци со екипаж во близина на Змискиот остров

1693406225_Capture-15.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека борбени авиони уништиле два брода на украинската морнарица со екипаж во близина на Змискиот остров во Црното Море.

Најпрво борбениот авион Су-30 уништи брз украински брод, по што истото го направи и ловецот Су-24, се наведува во соопштението, пренесува „РИА“.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека синоќа руски борбен авион од Црноморската флота уништил уште четири украински брзи поморски чамци во Црното Море со украински јуришни групи до 50 војници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK