„Руските варвари напаѓаат цивили во Украина“, убиени двајца француски доброволци

Новата-година-почна-со-бомби-Украина-го-гранатираше-Доњецк-Русија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Двајца француски хуманитарни доброволци беа убиени, а уште тројца ранети во регионот Херсон во Украина на 1 февруари. Ова пред три дена го потврди францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурн.

„Руски варвари напаѓаат цивили во Украина. Двајца француски хуманитарци платија со живот за помошта на Украина, а уште тројца се повредени“, напиша Сежурн на социјалните мрежи.

Поради смртта на своите граѓани, Франција ќе го покани рускиот амбасадор на разговор, пишува Индипендент.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги нарече убиствата „кукавички и срамен чин“ и ја изрази својата поддршка за сите доброволци кои им помагаат на другите земји. Билатералните односи меѓу Франција и Русија се влошија во последните неколку недели, бидејќи Париз ја зголеми својата поддршка за Украина и вети дека ќе испрати повеќе ракети со долг дострел во Украина.

На крајот на јануари Русија официјално ги осуди „француските платеници“ кои дејствуваат на територијата на Украина. Путин рече дека проектилот, кој го собори рускиот авион со воени заробеници, можел да биде истрелан од француски систем за воздушна одбрана. Франција ја обвинува Русија за ширење дезинформации.

Францускиот претседател се очекува да ја посети Украина кон крајот на овој месец. Француското Министерство за надворешни работи предупреди дека очекува повеќе дезинформации за време на настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK