Руските сили повторно го гранатираа Кременчук

Kremencuk
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските сили денеска го гранатираа градот Кременчук, централна Украина, на првата годишнина од нападот врз трговскиот центар во тој град.







Гувернерот на областа Полтава, Дмитро Луњин, изјави дека иако била погодена станбена зграда, нема жртви.

Непријателот го нападна регионот Полтава. Исто како пред една година денес, со ракетите Кс-22, напиша тој на својот профил на Телеграм.

Најмалку 22 лица беа убиени во трговскиот центар Амстор за време на руски ракетен напад врз Кременчук пред точно една година. Русија редовно извршува воздушни напади врз Украина од крајот на февруари 2022 година. Во Кременчук се наоѓа Украинската рафинерија за нафта, која од почетокот на војната во Украина е гранатирана неколку пати.

Советникот на претседателот на Украина, Мјахил Подољак го опиша денешниот напад како обид да се привлече вниманието на руската јавност по прекинатиот бунт на шефот на руската приватна воена формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK