Рускиот премиер во посета на Кина: Притисокот на Западот ги засилува нашите врски

mushustin_3453453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Притисокот од Западот ги зајакнува врските меѓу Русија и Кина, изјави денеска во Пекинг рускиот премиер Михаил Мишустин на средбата со неговиот кинески колега Ли Џианг.







Русија се повеќе се свртува кон Кина во потрага по дипломатска и економска поддршка поради зголемената изолација предизвикана од нападот врз Украина.

Во воведниот говор на средбата со кинескиот премиер, Мишустин ниту еднаш не ја спомна војната во Украина.

Кина, поради почит кон Москва, одби да ја критикува инвазијата и се фокусираше на економската соработка со Русија.

Мишустин кажа дека односите меѓу двете земји се „на невидено ниво“ под влијание на „зголемените турбуленции на меѓународната сцена и притисокот од Западот“.

-Народите на Русија и Кина ја негуваат својата историја, богата култура и традиција. Ние го поддржуваме натамошниот развој на нашата култура, размена и комуникација, рече Мишустин во Пекинг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK