Руски свештеник се соочува со протерување оти одбил да се моли за победа над Украина

Руски-свештеник-се-соочува-со-протерување-оти-одбил-да-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Свештеник од Руската православна црква (РПЦ) се соочува со протерување од Црквата оти одбил да прочита молитва во која се моли Бог да ја води Русија до победа над Украина, пренесе „Гардијан“.

„Свештеникот Акејсеј Умински треба да биде избришан од светите редови поради прекршување на неговата свештеничка заклетва“, се вели во одлуката на црковниот суд.

Одлуката е одобрена и од поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, силен поддржувач на претседателот Владимир Путин.

Според црковниот суд, свештеникот Умински ја прекршил заклетвата со тоа што одбил да ја рецитира „Молитвата за Света Русија“ која патријархот Кирил ја направи задолжителна на црковните служби.

„Ете, оние кои сакаат да се борат кренаа оружје против Света Русија, надевајќи се дека ќе го поделат и уништат нејзиниот обединет народ. Стани, Боже, да му помогнеш на својот народ и дај ни победа со твојата сила“, гласи молитвата изговорена од патријархот Кирил на 25 септември 2022 година, седум месеци по почетокот на руската инвазија.

Десетици руски православни свештеници се казнети поради оспорување ставот на Руската црква за војната – на пример, со читање молитви за мир наместо за победа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK