Руски пилот пребегнал во украинската армија: „Ова е геноцид“

Руски-пилот-пребегнал-во-украинската-армија-„Ова-е-геноцид.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Минатиот месец, руски пилот пребегнал во украинската армија и открил детали од операцијата на граничниот премин со неговиот борбен хеликоптер, во интервју објавено од Украинската одбранбена разузнавачка служба.


Пилотот Максим Кузминов, како што објавиле украинските власти, во интервју објаснил како го планирал своето бегство и зошто го направил тоа.

„Контактирав со претставници на украинската разузнавачка служба, ја објаснив мојата ситуација и тие ми ја понудија оваа опција: „Ви гарантираме безбедност, нови документи, паричен надоместок и награда“, открил пилотот.

Шефот на украинската одбранбена разузнавачка служба, Кирило Буданов, во август кажал дека украинските власти му помогнале на пилотот да се префрли од руските во украинските редови.

„Создадовме услови за целото негово семејство за да можеме незабележано да ги повлечеме. Со него имало уште две лица, значи вкупно тричлена екипа. Кога сфатиле каде слетале, се обиделе да побегнат“, открил Буданов.

Буданов кажал дека никој досега не го направил тоа, но се надева дека бројката ќе се зголеми. Во интервјуто пилотот се осврнува и на дезинформациите што ги шират руските медиуми кои известуваат за инвазијата на Украина.

„Вистината е дека овде нема нацисти или фашисти. Ова што се случува овде е вистински срам. Убиство, солзи, крв. Луѓето едноставно се убиваат едни со други. Не сакам да бидам дел од тоа“, кажал тој.

„Ова е геноцид врз украинскиот народ. И украински и руски. Мотивот за мојот чин беше да не придонесувам за овие злосторства. Украина недвосмислено ќе ја добие оваа војна, едноставно затоа што народот е многу обединет. Порано не беа такви, но сега се многу обединети. Целиот свет им помага, бидејќи пред се треба да се цени човечкиот живот“, додал пилотот.

„Ќе бидете згрижени до крајот на животот. Ќе ви понудат работа секаде, без разлика што правите. Едноставно ќе го откриете светот во бои“, изјавил пилотот во повикот до останатите, пренесува „N1“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK