Руски генерал разрешен поради критикување на воениот врв

ruski genral
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот генерал Иван Попов, задолжен за дел од руските сили кои се борат во јужна Украина, е разрешен од должноста откако отворено зборуваше за проблемите со кои се соочуваат неговите војници.

Тој го критикуваше воениот врв и изјави дека на руските војници им е забоден нож во грб.


Генерал-мајор Иван Попов, командант на 58-та армија која се бори во јужниот украински регион Запорожје, кој е централна точка на украинската контраофанзива, во аудио изјава за неговите војници објавена синоќа рече дека е разрешен по состанокот со воениот врв.

Попов рече дека военото раководство е луто затоа што тој искрено зборувал за предизвиците со кои се соочиле неговите сили, особено за недостигот на радар за следење на непријателската артилерија, што резултирало со огромни руски жртви.

„Врховните офицери очигледно ме видоа како извор на закана и брзо издадоа наредба да се ослободат од мене, која беше потпишана од министерот за одбрана за само еден ден. Украинската армија не можеше да ја пробие одбраната на нашата армија, но нас врховниот командант не удри во грб, предавнички и кукавички обезглавувајќи ја војската во најтешкиот момент“, додаде тој.

Попов, кој се нарекува Спартак, на своите војници им се обраќа со „мои гладијатори“ во аудио пораката што ја објави пензионираниот генерал Андреј Гурулев, кој претходно командуваше со 58-та армија и моментално е пратеник. Педесет и осмата армија се состои од неколку дивизии и помали единици.

Попов (48) имаше опуштен пристап кон војниците што беше редок и во спротивност со цврстиот стил на командување кој е вообичаен за руската војска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK