Руската служба за безбедност соопшти дека спречила украински обид за атентат врз гувернерот на Крим

fsb
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила обид за атентат врз гувернерот на Крим назначен од Москва и ги обвини украинските безбедносни служби дека планирале да постават бомба во неговиот автомобил.

„Обидот за атентат врз лидерот на Крим, Сергеј Аксионов, кој го организирале украинските специјални служби, е спречен“, соопшти ФСБ, а пренесуваат руските новински агенции.


Во рамките на истрагата е уапсено едно лице. Руските новински агенции пренесуваат дека станува збор за руски државјанин кој за оваа цел бил регрутиран од Службата за безбедност на Украина.

Бомбашот не стигнал да ја доведе до крај злосторничката намера, бидејќи бил приведен кога експлозивната направа била извадена од скривницата, соопшти ФСБ.

Русија го анектира Крим во 2014 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK