– Руската паравоена група „Вагнер“ е регистрирана во Белорусија, а нејзините активности се означени како образовни услуги, покажува белорускиот државен регистар на правни лица.
Друштвото со ограничена одговорност „Вагнер груп“ е регистрирано на почетокот на август, а како вид на дејност на правното лице се наведени „други видови образование“.
Според локалните медиуми, сопственик на новото правно лице е руската компанија „Конкорд менаџмент и консалтинг“, на чело со Евгениј Пригожин, основачот на „Вагнер.