Руска разузнавачка служба: Организаторите на агресијата на НАТО против Југославија не научиле ништо

руска служба
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Руската разузнавачка служба (СВР) Сергеј Наришкин денеска во Москва изјави дека организаторите на агресијата на НАТО против Југославија не научиле никаква морална лекција од она што го направиле.

Наришкин, кој е и претседател на Руското историско друштво, кое денеска отвори изложба за бомбардирањето на Југославија во 1999 година, рече дека ова не е единствениот пат кога „воените злосторства на алијансата“ го шокирале светот, пренесе ТАСС.


Наришкин изјави дека ваквата ситуација се повторила во Авганистан и Ирак, во Сирија и Либија, а сега, како што тврди, „и на територијата на поранешната Украинска Советска Социјалистичка Република“.

„Гледајќи повеќе од половина век од историјата на Северноатлантската алијанса, станува очигледно дека апетитите на агресорот кој верува во својата неказнивост можат само да растат. Во такви случаи, како што покажува историјата, само навремената демонстрација на цврстина може да донесе нешто добро“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK