Русите со ракети ја нападнаа Украина, има мртви и ранети

Русите-со-ракети-ја-нападнаа-Украина-има-мртви-и-ранети.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку едно лице загина, а четворица се повредени во руски ракетен напад врз Днепропетровск. Најмалку уште едно лице е рането во Харков, јавуваат агенциите, додавајќи дека украинскиот противвоздушен персонал соборил 14 од 19 испукани проектили.


Во областа Днепропетровск едно лице загина, а четворица се ранети во руски ракетен напад, изјави гувернерот на регионот Серхеј Лисак. Според него, двајца од ранетите се во критична состојба, пренесува Ројтерс. Во утринскиот ракетен напад, украинската противвоздушна одбрана собори 14 од 19 истрелани проектили, изјави воениот портпарол Јуриј Ихнат.

Ракетите беа соборени во областа надвор од Киев и централниот регион Дњепропетровск. Според шефот на регионалната воена администрација Олег Синегубов, градот Харков во источна Украина „беше погоден шест пати“. Првите информации укажуваат дека руските сили користеле ракети С-300 во нападот, пренесува AFP.

-Станбените згради претрпеа оштетувања – рече Синегубов.

Градоначалникот Игор Терехов го потврди нападот врз градот.

Ден претходно беше нападнат рудник за јаглен во Торецк, на северот на Доњецк, соопшти Министерството за енергетика.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK