Судот во Минхен осуди Русин за заговор за убиство на прогонет чеченски дисидент по наредба на роднина на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Обвинетиот, идентификуван како Валид Д, е осуден на 10 години затвор, пренесува АП. Тој е осуден за давање согласност за убиство, за подготвување тежок чин на насилство, како и за непочитување на законот за оружје.
Судот утврди дека братучедот на Кадиров му наредил да го убие Мохмад Абдурахманов, кој живее во Германија, со цел да ги замолчи него и неговиот постар брат, истакнат противник на чеченската влада кој е во Шведска.
Убиството било нарачано помеѓу март и јуни 2020 година. Претседавачкиот судија Кристоф Визнер го опиша планираното убиство како „атентат нарачан од државата од страна на чеченскиот режим“. Тој додаде дека убиството било планирано „со знаење и одобрение“ на Рамзан Кадиров.