Русија спречи напад на Украина во областа Курск


8-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските вооружени сили спречија обид за напад на украинските сили во областа Курск, објави денеска РИА Новости.


Руското Министерство за одбрана објави дека украинските сили се обиделе да нападнат во правец на населбите Черкаси Конопелка и Уланок и претрпеле загуби.

Украинските војници распоредија два механизирани баталјони на оклопни возила и изведоа неколку бранови напади, меѓутоа, според соопштението на ресорното министерство, руските војници брзо го идентификувале непријателот и со поддршка на авијацијата им нанеле „сериозна штета“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK