Руските сили тврдат дека собориле 11 украински беспилотни летала во близина на Севастопол, градот на Крим кој служи како база на руската Црноморска флота.
Два беспилотни летала биле погодени од ПВО, а девет со средства за радиоелектронска борба, соопшти Министерството за одбрана.
Руската противвоздушна одбрана собори два воени беспилотни летала кои летаа кон Москва, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Според него, дроновите биле соборени околу 04:00 часот утринава (01:00 часот по Гринич), еден надвор од градот Калуга, а другиот над обиколница на рускиот главен град.