Русија произведе дрон „контролиран со мислите“

Русија-произведе-дрон-„контролиран-со-мислите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската национална технолошка иницијатива (НТИ) објави дека научниците од компанијата „Неуроботикс“ поврзале дрон со невроинтерфејс, кој им овозможува на пилотите да контролираат беспилотни летала со своите мисли.


„Руските научници го поврзаа дронот „Пионир мини“, кој го произведува компанијата „Геоскан“, со невроинтерфејсот „Неуро плеј“. „Неуро плеј“ им овозможува на пилотите да го контролираат дронот користејќи импулси испратени од мозокот на пилотот, т.е. , неговите размислувања. Овој проект e корисен во натпревари на беспилотни летала контролирани со интерфејс мозок-компјутер, како и во рехабилитација во инклузивни натпревари. За пилотите е важен, бидејќи на овој начин ја подобрува концентрацијата”, се вели во најавата, наведува Спутник.

Генералниот директор на компанијата „Неуроботикс“ Владимир Конишев рече дека контролирањето на беспилотните летала преку невроните е основа за проекти засновани на принципот на СТЕМ-образование (наука, технологија, инженерство, математика), кои бараат знаење од повеќе области: невротехнологија, мехатроника, аеродинамика и програмирање, кои се користат во игрите.

„Планираме да одржиме натпревар со компанијата „Геоскан“ во Русија и се надевам дека ќе биде на меѓународно ниво. Има уште една важна карактеристика на оваа комбинирана технологија, а тоа е можноста за контрола на невроните со дронови. Ова не само што ја подобрува концентрацијата и вниманието на пилотот, туку веќе им овозможува да поднесуваат стрес и да ги контролираат емоциите при изведување на сложени операции, а тоа претставува важна алатка за подготовка на оператори на важни процеси“, рече Конишев.

Генералниот директор на компанијата „Геоскан“ Алексеј Јурецки додаде дека интеграцијата на дронови со невроинтерфејс може да се користи при рехабилитација на луѓе во инклузивни натпревари кога, на пример, во еден тим има луѓе со ограничени здравствени можности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK