Русија: Новиот американски пакет воена помош за Украина е врв на лицемерието

677z381_1-blinken-64eedb9d1ea80.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската амбасада во Вашингтон одлуката на САД да испрати уште еден пакет воена помош за Украина ја оцени како „врв на лицемерието“.


„Споменатата испорака на ХИМАРС и противвоздушни гранати, како и друга муниција вредна четвртина милијарда долари до неуспешниот режим на Зеленски е врв на лицемерието. Особено што американските власти ја припишуваат воената помош на грижата за народот на Украина. Во реалноста, Вашингтон нема да се откаже од концептот на борба против Русија додека не биде убиен и последниот Украинец“, се вели во соопштението на амбасадата, објавено на официјален канал Телеграм, пренесува ТАСС.

Според руските дипломати, изјавите на американските политичари укажуваат дека „животите на граѓаните на другите земји не се многу важни“ за САД.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторникот најави нов пакет помош за Украина од 250 милиони долари.

„Овој пакет содржи ракети за противвоздушна одбрана АИМ-9М, муниција, артилериски ракетни системи за висока мобилност (HIMARS), артилериска муниција од 155 мм и 105 мм, опрема за чистење мини, „Javelin” и други противоклопни системи и проектили, како и повеќе од три милиони парчиња муниција“, се вели во соопштението на Стејт департментот, пренесуваат медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK