Русија нападна град во источна Украина, најмалку 13 ранети

Русија-нападна-град-во-источна-Украина-најмалку-13-ранети.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во руски напад врз Курахове, западно од Доњецк, во близина на источниот фронт на Украина, повредени се 13 лица, меѓу кои и едно извлечено од урнатините, соопштија рано утринава официјални извори во областа.



Имаше два удари во тој град, што го предизвика пожарот, изјави градоначалникот Роман Падун во интервју за јавниот сервис Суспилна. Тој не соопшти детали за тоа кое оружје е употребено. Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат неколку згради во пламен. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите.

Курахове е кај Маријинка, град во близина на линијата на фронтот кој сè уште е под контрола на Украина, но е под руски напад со месеци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK