Русија денес ја обвини Украина за напад на гасниот терминал во пристаништето Уст-Луга, недалеку од Санкт Петербург, на рускиот брег на Балтичкото Море, на околу 900 километри од украинската граница.
„Режимот во Киев продолжува да го покажува своето ѕверско лице гаѓајќи ја цивилната инфраструктура“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите на прашањето за големиот пожар што избувна вчера на гасниот терминал со кој управува „Новатек“ во родниот град на рускиот претседател Путин.
Новатек објави дека пожарот го предизвикал надворешен фактор, без да навлегува во детали.
„Руското Министерство за одбрана и системите за противвоздушна одбрана прават се што е потребно за да спречат вакви терористички напади“, рече Песков.
Песков ја обвини Украина и за гранатирање на Доњецк, град во источна Украина под руска контрола, пришто вчера загинаа 27 лица.
Според локалните власти, погоден е пазар полн со луѓе.