Русија издаде потерници по двајца од највисоките украински команданти

ruski-federacii
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руското Министерство за внатрешни работи издало потерници по двајца од највисоките воени команданти на Украина, врховниот командант на украинските сили Валериј Залужни и генерал-полковник на копнените сили Олександр Сирски, јавија руски медиуми.

Не е наведено поради што се издадени потерниците, кои украинската страна ги оцени како уште еден обид за деморализирање на своите сили.


– Вршењето психолошки притисок врз команданти кои се борат против непријател кој е значително посилен и во однос на војниците и во однос на оружјето е бесмислено, коментира заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK