Делегациите на Русија и САД се во контакт за нераспоредување нуклеарно оружје во вселената, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.
„Коректно би било да се каже дека нашите делегации се навистина во контакт, тие разговараат за ова прашање на соодветни меѓународни платформи, пред се во Њујорк, каде Вашингтон и американската администрација ја промовираат темата за обвинувањата против Русија“, рече Рјабков.
Тој повтори дека Русија е целосно посветена на своите обврски во рамките на мултилатералните договори кои, меѓу другото, се однесуваат на вселената.
„Овие договори зборуваат сами за себе. Ќе продолжиме да промовираме иницијативи кои се однесуваат на спречување на трка во вооружување во вселената и непролиферација на оружје во вселената, а против нашите иницијативи во последните години работат САД и нивните сателити“, истакна Рјабков.
Тој додаде дека Русија ќе соработува со поголемиот дел од светот „во интерес на гарантирано зачувување на мирниот простор“.
Рјабков истакнува дека вселената се користи за воени цели, но дека таму не треба да биде распоредено нуклеарно оружје, пренесува Спутник.