Русија го забрани работењето на независната телевизија „Дожд“

kanal rusija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руското државно обвинителство денеска соопшти дека независната ТВ станица „Дожд“ ја прогласува за „непожелна организација“ и изрече забрана за работа.







Канцеларијата на главниот обвинител соопшти дека „Дожд ширел екстремистички материјал и ги дискредитирал властите“.

Со оваа одлука новинарите, персоналот и донаторите на „Дожд“ се изложени на потенцијални кривични пријави.

Русија на тој начин продолжува со репресијата врз медиумите и групите кои ги смета за закана за националната безбедност.

Телевизијата „Дожд“, критичар на политиката на Кремљ, го затвори своето студио во Русија набргу по почетокот на војната во Украина, преселувајќи се прво во Летонија, а потоа во Холандија.

Овој ТВ канал често пати ги провоцира властите со известувања за руската опозиција и критиките кон Кремљ.

Телевизијата е отстранета од руските кабловски ТВ системи уште од 2014 година, откако беше спроведена контроверзна анкета за тоа дали гледачите веруваат дека во Втората светска војна Советскиот Сојуз требало да се предаде на германската опсада на Ленинград за да спаси цивилни животи.

Од тој случај „Дожд“ ја емитува програмата преку Јутјуб.

Во последниве години, руската Влада презеде остри мерки против поединци и организации кои го критикуваат Кремљ, означувајќи многумина како „странски агенти“ и прогласувајќи некои од нив за „непожелни“, согласно законот од 2015 година со кој се криминализира членството во „непожелни организации“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK