Родители на 23-годишник кој бил на „фестивалот на смртта“: Се уште се надеваме дека е жив

Родители-на-23-годишник-кој-бил-на-„фестивалот-на-смртта-Се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Родителите на 23-годишниот Американец Херш Голдберг-Полин се надеваат дека нивниот син е сè уште жив откако минатиот викенд беше на музичкиот фестивал Нова во Израел кога Хамас нападна и почна да зема заложници.



Рејчел Голдберг и Џон Полин изјавија за Си-ен-ен дека последен пат се слушнале со нивниот син во саботата наутро, при што добиле две пораки на WhatsApp во иста минута: „Те сакам“ и „Жал ми е“. Неговиот татко веднаш се обидел да му се јави, но безуспешно. Тој потоа испратил пораки, но сепак не добил одговор. Полицијата во саботата попладне им кажала дека телефонскиот сигнал на нивниот син бил на границата со Газа.

Една млада девојка која беше во бункерот со Голдберг-Полин кога Хамас нападнал, рече дека Американецот помогнал да ги фрли гранатите од бункерот пред неговата рака да биде разнесена од лактот надолу.

„Значи, знаеме дека е сериозно ранет. Самиот си ја врзал раката со кошулата. Но терористите влегле откако пукањето завршило и рекле секој што може да стане да излезе“, објасни неговиот татко.

Родителите ја повикаа американската влада и другите лидери да го спасат нивниот син и другите заложници. Семејството е родено во САД, но се преселило во Израел во 2008 година. Семејството се уште има американско државјанство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK