Рјабков: Американците подготвуваат нуклеарни тестови во Невада

Рјабков-Американците-подготвуваат-нуклеарни-тестови-во-Невада.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија забележа дека САД се подготвуваат за нуклеарни тестови во објектите во Невада, но Москва нема да продолжи со такви тестови доколку Вашингтон не го стори тоа, изјави денеска рускиот заменик шеф на дипломатијата.


Сергеј Рјабков даде ваква изјава во време кога руската Дума (долниот дом на парламентот) итно ја разгледува опцијата за повлекување на ратификацијата на историскиот договор за забрана на нуклеарни проби.

„Индикациите укажуваат дека подготвителна работа се одвива или се одвиваше до неодамна на полигонот во Невада“, ја цитира руската новинска агенција ТАСС изјавата на Рјабков.

„Доколку направат таков тест, тогаш ќе ја активираме опцијата што ја претстави претседателот на Руската Федерација, а тоа е дека ќе бидеме принудени да го направиме тоа што тие го направија. Тогаш зборуваме за сосема нова ситуација, но одговорноста за дали таква ситуација ќе се случи или не, лежи во Вашингтон“, рече Рјабков.

Руските пратеници вчера добија десет дена да проучат и да го најдат најдобриот начин, Москва да ја повлече ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарните тестови (CTBT), додека претседателот Владимир Путин зборуваше за можноста за продолжување на таквите тестови.

Путин во четвртокот рече дека Москва може да размисли за повлекување на ратификацијата на CTBT за да се усогласи со САД, кои го потпишаа, но не го ратификуваа документот.

Коментарот на Путин западните воени експерти и аналитичари го толкуваат како сигнал дека Русија, која го има најголемиот нуклеарен воен арсенал во светот, ја разгледува можноста за повторно тестирање на нуклеарно оружје во време кога Западот е на страната на Украина, со која Русија влезе во војна.

Рјабков рече дека Русија чувствува дека нема друг избор освен да ја следи политиката на Вашингтон за нуклеарно тестирање и додаде дека руското Министерство за надворешни работи подготвува нацрт за повлекување на ратификацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK