Резолуција во Конгресот за ослободување на новинарот Иван Гершкович, во Москва задржан уште еден Американец

pretstavnichki dom
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Комисијата за надворешна политика при Претставничкиот дом, Мајкл Мекол, денеска подржа резолуција со која се повикува на итно ослободување на Иван Гершкович, американски државјанин и новинар кој годинава во март беше незаконски задржан од властите на Русија. Во меѓувреме во Москва задржан е уште еден американски државјанин.

За Гершкович, Мекол изјави дека тој „едноставно ја извршуваше својата работа, известуваше новини во Русија“.


-Владимир Путин знае дека слободата на печатот е темел на демократијата… Затоа тој го уапси Иван со цел не само да го замолчи но да ги заплаши и останатите новинари за и тие да молчат.

Следната резолуција  што ќе биде разгледувана од Претставничкиот дом е за Пол Вилан, поранешен американски маринец кој беше уапсен во Русија во декември 2018 година, по што беше обвинет за шпионажа и осуден на 16 години затвор.

Мекол изјави дека Стејт департментот собира информации за апсењето на уште еден американски државјанин минатата недела во Москва.

Според руските медиуми се работи за рок музичарот Мајкл Тревис Лик кој пред 6 јуни бил задржан од полицијата во неговиот московски стан поради наводна продажба на наркотичко средство. Стејт департментот во саботата изјави дека знае за задржувањето.

Според медиумите Мајкл Лик е на возраст од 51 година, живеел во Русија 10 години. Бил поранешен падобранец а сегашен фронтмен на руската група „Лови ноч“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK