Редакцијата на „Њујорк тајмс“ јавно ја поддржа Камала: „Таа е единствениот избор“

kamala-haris-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уредничкиот одбот на „Њујорк Тајмс“ ја поддржа Камала Харис, нарекувајќи ја единствениот патриотски избор за претседател.



Наместо да ги наведе позитивните аспекти на Камала Харис, уводникот се фокусираше на набројување на она што го смета за дисквалификувачки аргументи против Трамп.

„Тешко е да се замисли кандидат кој е понедостоен да ја извршува функцијата претседател на Соединетите држави“, пишува во едиторијалот за Трамп.

„Оваа недвосмислена, обесхрабрувачка вистина – Доналд Трамп не е соодветен за функцијата претседател – треба да биде доволна за секој гласач кој се грижи за здравјето на нашата земја и стабилноста на нашата демократија да го оневозможи реизборот“, се вели во соопштението за печатот, потпишано од 14 новинари.

„Поради оваа причина, без оглед на политичките несогласувања што гласачите може да ги имаат со неа, Камала Харис е единствениот патриотски избор за претседател“, се додава.

Одлуката за поддршка на Харис не е изненадувачка. Редакцискиот одбор не одобрил републиканец за претседател уште од Двајт Ајзенхауер во 1956 година.

Во јули, 10 дена пред претседателот Џо Бајден да се откаже од трката, уредничкиот одбор објави остра критика во пет дела за Трамп.

Весникот ја нарекува Харис „посветен јавен службеник“ кој е „повеќе од неопходна алтернатива“. Тврдат дека нејзините планови за економијата, здравството, надворешната политика и имиграцијата се причина да ја изберат на претседателските избори во ноември.

Признаваат дека некои од тие планови не се толку детални колку што би сакале гласачите, но повторуваат дека опасноста е многу поголема од вториот мандат на Трамп. Тие посочуваат дека Трамп најавил дека ќе ја искористи владата за да ги нападне своите политички непријатели.

„Ако американските гласачи не му се спротивстават, Трамп ќе има моќ да предизвика длабока и трајна штета на нашата демократија“, предвидува уредникот, заклучувајќи дека Камала Харис е единствениот избор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK