Разменети 200 руски и украински затвореници, со посредство на Емиратите

Разменети-200-руски-и-украински-затвореници-со-посредство-на-Емиратите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска објавија дека успеале да посредуваат за ослободување на 100 руски воени заробеници во замена за 100 украински воени заробеници.


Руското Министерство за одбрана на Телеграм ја објави веста за „хуманитарно посредување“ од ОАЕ, а истото го соопшти и украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинското тело за следење на размената на воени заробеници.

Министерството за надворешни работи на ОАЕ соопшти дека ова е трет обид за посредување меѓу Русија и Украина, додавајќи дека повикува на дипломатија, дијалог и деескалација, објави државната новинска агенција ВАМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK