Турските медиуми засега објавуваат различни резултати од денешните претседателски избори во Турција, додека интернет страницата на Изборната комисија не се отвора за да се проверат независно.
Според државната новинска агенција Анадолија преброени се 57,88 отсто од гласовите и Ердоган има освоено 51,71, Кемал Киличдароглу 42,45, а Синан Оган 5,32 проценти од гласовите.
Според приватната новинска агенција Анка, за која се смета дека е поблиска до опозицијата, преброени се 46,1 од гласовите, Киличдароглу има освоено 50,93, Ердоган 44,37 и Синан Оган 4,43 проценти од гласовите.