Разбиена криминална банда од Балканот во Франција и Монако: мафијата ја предводел Србин

Разбиена-криминална-банда-од-Балканот-во-Франција-и-Монако-мафијата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Криминална група со потекло од Балканот „падна“ во Монако и Франција по опсежна истрага на локалната полиција. Вкупно 19 лица се уапсени под сомнение за криминални активности како шверц на дрога и оружје, како и перење пари преку лажни фирми, објави Нова.рс.


Како што наведува БФМТВ, минатиот вторник беа уапсени 13 лица во Франција и уште шест во Монако како дел од голема полициска операција, која беше резултат на обемна и сложена истрага на Националната управа за борба против организираниот криминал.

Групата „падна“ благодарение на апликацијата „Скај ЕЦЦ“. Инспекторите ги снимиле разговорите разменети на оваа платформа, откривајќи криминална мрежа, основана на југоисточниот дел на Франција и увоз на многу големи количини на дрога за францускиот и европскиот пазар.

Размената на пораките се одвивала во периодот од февруари 2020 година до февруари 2021 година, а врз основа на нив е идентификуван водачот на мафијата, кој има српско потекло.

11-те, вклучително и неодамна пензионираниот полицаец кој работел за правосудната полиција на Монако, беа изведени пред истражен судија во понеделникот вечерта и обвинети како дел од повеќекратната судска истрага. На девет од овие осомничени им е одреден притвор.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ наведува дека оваа мафија, чии членови се и српски државјани, се занимавала и со трговија со оружје, вклучувајќи митралези и автомати.

„За време на претресот, запленети се два пиштола, нешто повеќе од 19.000 евра во готовина, часовници и луксузни предмети и блиндирано „Ауди А8“, изјави Ен-Софи Колбо, шеф на OCRGDF.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK