На татко и ќерка од Полска им се заканува доживотен затвор за убиство и инцест, откако телата на нивните три новороденчиња беа пронајдени како гнијат во подрумот од нивниот дом.
Пјотр Гиерасик (54) и Паулина Гиерасик (20) се уапсени откако останките на бебињата биле откриени во плитки гробници и завиткани во пластични кеси на имот во селото Черники во северна Полска, пишува Дејли мејл. Првите две бебиња беа пронајдени во петокот, но дополнителните истраги открија трето тело во „напредна фаза на распаѓање“ во саботата.
Мариуш Душињски од Окружното обвинителство во Гдањск изјави: „Жената е обвинета за две точки од обвинението за убиство и обвинение за инцестуозна врска со нејзиниот татко. Мажот е обвинет за три точки за убиство, инцест со неговата 20-годишна ќерка и обвинение за родосквернавење со друга ќерка“.
Според обвинителите, двете убиени деца потекнуваат од неговата врска со 20-годишна жена за која велат дека била во консензуална врска со таткото. Третото дете било од врската што ја имал со друга ќерка откако ја принудил на секс. Обвинителите додадоа дека го сомничат за убиство на третото бебе.
Обвинителите сега чекаат обдукција за да се утврди како починале бебињата. Во меѓувреме, полицијата продолжува да го пребарува имотот за да види дали има уште тела скриени во куќата.