Израелската армија вечерва потврди дека во ракетен напад од Либан загинала девојка која служела воена служба, а во градот Сафед се ранети неколку лица.
Едно девојче загина во напад што погоди воена база во северен Израел, соопшти армијата.
Израел и либанскиот екстремистички Хезболах, кој го поддржува палестинскиот Хамас, разменуваат оган долж границата речиси секој ден од почетокот на војната во Газа на 7 октомври, што го зголемува ризикот од поширок конфликт.
Хезболах веднаш не ја презеде одговорноста за споменатиот ракетен напад.
Израел одговори со воздушни напади во јужен Либан, при што загинаа четири лица, меѓу кои една Сиријка и нејзините две либански деца, а беа ранети уште најмалку девет други, соопштија либанските безбедносни претставници и објавија локалните медиуми.
Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека „две невини деца ги загубиле животите во воздушен напад во Либан“.
„Итно повикуваме на заштита на децата во време на војна и во секое време“, се додава во соопштението.