Работниците за брза храна во Калифорнија слават големо зголемување на минималната саатница

Работниците-за-брза-храна-во-Калифорнија-слават-големо-зголемување-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вработените во рестораните за брза храна во Калифорнија ќе имаат минимална плата од 20 долари на час почнувајќи од следната година. Тоа ќе стане највисоката гарантирана основна плата во американската индустрија за брза храна. Претходната минимална плата за час беше 15,50 долари, што ја прави Калифорнија веќе блиску до врвот.


Демократскиот гувернер Гевин Њусом го потпиша предлог-законот опкружен со радосни работници и ја отфрли идејата дека работните места за брза храна се за тинејџери кои бараат искуство.

„Тоа е романтизирана верзија на свет кој не постои. Имаме можност да го наградиме тој придонес, да ја наградиме таа жртва и да ја стабилизираме индустријата“, рече тој. Новата минимална плата стапува на сила во април, а се однесува на рестораните кои имаат најмалку 60 продажни места низ целата земја, пишува Скај њуз.

Новата минимална саатница значи дека работниците со полно работно време ќе добиваат годишна плата од најмалку 41.600 долари. Инаку, 550.000 луѓе работат во 30.000 ресторани за брза храна низ Калифорнија. Се формира и нов совет кој од сега до 2029 година ќе може да ја зголемува оваа саатница за најмногу 3,5% секоја година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK