Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека украинската контраофанзива е започната, а тоа се гледа од употребата на стратешките резерви.
„Можеме да кажеме апсолутно јасно дека украинската офанзива започна. За тоа сведочи користењето на стратешките резерви“, рече Путин.
Тој додаде дека сите контраофанзивни обиди на вооружените сили на Украина не успеале, но офанзивен потенцијал постои.
Путин изјави дека украинската армија претрпела значителни загуби во изминатите денови.