Путин: Рускиот авион во Украина беше соборен од американскиот „Патриот“, бараме истрага

Путин-Рускиот-авион-во-Украина-беше-соборен-од-американскиот-„Патриот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина минатата недела го користела противвоздушниот систем „Патриот“ кој и го дале САД за да го собори рускиот воен авион „Иљушин-76“, во кој според тврдењата на Москва загинале 74 лица.

Путин исто така рече дека Русија, како и Украина, сака меѓународна истрага за инцидентот.

Москва го обвинува Киев дека го соборил авионот и убиле 74 патници, вклучително и 65 украински воени затвореници кои биле на пат да бидат разменети за руски затвореници. Украина ниту потврди ниту демантираше дека го соборила авионот и побарала доказ кој бил во авионот.

„Авионот беше соборен и дефинитивно утврдивме дека е соборен од американскиот систем „Патриот“. Бараме да се спроведе меѓународна истрага. Ниту една меѓународна организација не сака да го стори тоа“, рече Путин.

Тој додаде дека Украинците истрелале два проектила кон авионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK