Путин: Русија постигна конкретни резултати во ослободувањето на заложниците на Хамас

Русија-го-казни-Гугл-со-508-милиони-долари-„Не-ги.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин им рече на лидерите на еврејската заедница во Русија дека Москва „постигнала конкретни резултати“ во дипломатските напори за ослободување на заложниците кои ги држела палестинската милитантна група Хамас.


На средбата со главниот рабин на Русија, Берл Лазар и претседателот на Федерацијата на еврејските заедници, Александар Борода, Путин рече дека Русија ги искористила своите контакти со политичкото крило на Хамас, пренесува Ројтерс.

„Бидејќи ситуацијата стана понапната на Блискиот Исток, Русија прави се за да им помогне на луѓето кои станаа заложници. Како што е познато, нашето Министерство за надворешни работи работеше преку политичкото крило на Хамас и во целина имаше конкретни резултати“, рече Путин.

Тој истакна дека Москва се обидела да им помогне на оние кои не се руски државјани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK