Путин потпишал закон: обвинетите кои служат во армијата се ослободуваат од кривична одговорност

putin3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој обвинетите кои служат во армијата ги ослободува од кривична одговорност, пренесува РИА.



Законот ги надополнува одредбите од Кривичниот законик и Законот за кривична постапка на Русија и конкретно предвидува дека обвинетите кои служат воена служба за време на мобилизација или кои склучиле договор за воена служба се ослободуваат од кривична одговорност.

Се очекува сличен правен механизам да се прошири и на осудените лица за кои пресудата е изречена, а не стапила во сила, пренесува РИА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK